(се) буфнат
Вид збор: Глагол, свршен
се појави, излезе
Примери:
Тогаш во дворот буфна еден униформиран стражар.
(се) вдадат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие можност.
Примери:
И беше жал што ниеднаш не и им се вдаде да се сликаат заедно со децата
возникнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави, се случи одненадеж.
Примери:
Во работата возникнаа определени проблеми.
изникнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави некој или нешто ненадејно, неочекувано (обично како непожелно).
Примери:
Од каде изникна сега и овој?!
Вид збор: Глагол, свршен
(се исцрта) Се изрази, се покаже (обично на лице).
Примери:
Некаква гримаса на одбивност му се исцрта на лицето.
(се) мернат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави, се покаже за миг.
Примери:
Во главата му се мерна мислата за болното дете.